Трибини на ВМРО – ДПМНЕ во Младо Нагоричане и Ранковце

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се одржат две трибини како дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.

Првата трибина ќе се одржи во 17:30 часот во салата во Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, втората трибина ќе се одржи во 20:30 часот во Против-пожарен дом во Ранковце.

На трибините ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Диме Спасов.