Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски, го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2022 година.

„Со задоволство сакаме да објавиме дека постигнавме договор за продолжување на соработката со Иван Тричковски. Нашиот лидер и најдобар стрелец во европските натпреварувања продолжува да го носи дресот на АЕК уште дополнителни две сезони. Целото семејство на АЕК му посакува успех во иднина“, стои во соопштението на клубот.

Тричковски од 2016 година е дел од кипарскиот состав и е еден од најдобрите играчи, а воедно ја носи и капитенската лента.

Во својата кариера популарниот Тричко беше дел од Вардар, Работнички, Црвена Звезда, ЕН Паралимни, АПОЕЛ, Клуб Бриж, Ваасланд-Беверен, Ал-Наср и Легија Варшава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.