Тричковски му наплати со камата на Бриџ, Костовски скина нова мрежа

Репрезентативецот на Македонија, Иван Тричковски, го постигна дебитантскиот погодок во дресот на белгискиот прволигаш Васланд Беверен, а погодокот има уште поголемо значење затоа што истиот се покажа како одлучувачки во првенствената пресметка против неговиот поранешен клуб, Бриж.

Нашиот интернационалец се запиша во листата на стрелци во 51 минута, а неговиот тим салвеше со минимални 2;1 на незгодното гостување кај фаворитот за шампионската титула.

Нов погодок, трет во актуелната сезона, постигна поранешниот бомбардер на Вардар, а сега прв напаѓач на белгискиот прволигаш Луверн, Јован Костовски.

Костовски веќе во 16 минута ја затресе противничката мрежа, а Луверн на крајот забележа убедлив триумф од 3:0 во првенствената пресметка против екипата на Серкл Бриж.