Тричковски го сквернави Илинден, на членството на СДСМ тоа му се допаѓа

Идеологот на СДСМ и Шарената револуција, Бранко Тричковски преку статус на својот Фејсбук профил го осквернави Илинден. Тој за оваа постапка беше поддржан и од членови на СДСМ, кои го јакуваа неговиот статус.

 

Имено, Тричковски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша:

“Да победеле комитите во илинденското востание, Македонците ќе виделе што е вмровско ропство уште пред 113 години.“

trickovski-fb-ilinden

Овој бесрамен чин  доаѓа во очи на големиот празник Илинден. Со оваа негова објава се сквернави Илинденското востание, херојската смрт на илинденците, саможртвата на Питу Гули и неговата чета на Мечкин Камен, смртта на јунаците од Слива и голем број други знајни и незнајни борци кои своите млади животи ги дадоа за слобода. Очигледно за шарените револуционери и активисти на СДСМ нема ништо свето. Овие зборови на Тричковски се навреда за македонскиот народ, македонската држава, традиција и историја.

Оваа скандалозна објава на Тричковски им се допаѓа на Тито Беличанец, на Мериглен Демири, Љуми Бекири кои се во првите редови на Шарената револуција, како и над 140 други локални фунционери и активисти на СДСМ. Очигледно дека на СДСМ и на нивните “шарани револуционери“ не им е беше доволно фарбањето и сквернавењето на спомениците на историските ликови и настани во Македонија, па сега посегнаа по најдолно плукање на македонската историја.