Триесет луѓе украле тело на починат пациент од струмичката болница

Триесет луѓе денеска ја скршиле вратата на инфективното одделение во Струмичката болница и зеле пациент, кој починал, а на кој претходно му бил направен тест за Covid-19, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „Фокус“.

Според информациите, пациентот во раните утрински часови бил примен на инфективното одделение како сомнителен случај на коронавирус и веднаш му бил земен брис дали е носител на вирусот или не. Во меѓувреме, неговата состојба се влошила и тој починал. Резултатите од неговиот тест се уште не се готови.

Според инспекторите од ДСЗИ кои во моментот се на терен во струмичката болница, триесет луѓе дошле по телото на починатиот, ја скршиле вратата и го земале.