Триесет мртви и 8 абортуси досега од епидемијата на морбили

1078

Епидемијата од морбили која трае веќе 4 месеци, зад себе остави најмалку осум мртвороденчиња, според досегашните информации во медиумите вкупната бројка е околу  30 починати , бремените жени се тресат во исчекување, незадоволни родители, неуспех да и се стави крај на епидемијата на малите сипаници во повеќе македонски градови – ова е актуелната слика во Македонија, со која власта очигледно лошо се справува. До објавувањето на текстот министерството за здравство не одговори на прашањата на НетПрес.

Дали министерот за здравство Венко Филипче ги излажа граѓаните, бидејќи уште во јануари ветуваше дека за две недели ќе биде решена состојбата со морбилите, но поминаа и четири месеци, а ситуацијата не само што не е решена, туку и излезе од контрола.

Во најголем дел од случаите вината се префрла врз родителите кои од најразлични причини го избегнуваат вакцинирањето, но тоа што е најзагрижувачки е што власта, а и Филипче не се потрудија да ги убедат граѓаните дека нивните деца ќе добијат квалитетни вакцини. Се што досега се случи, е лоша промоција на вакцинирање на внуката на Филипче, што подоцна излезе и дека не е конкретната вакцина, па создаде дополнителен сомнеж во квалитетот на вакцините. А голем е и скандалот со „погрешно“ залепените етикети со поминат рок, за што и денеска да ги прашате здравствените власти ќе речат дека случајот го расчистува обвинителство и тие не знаат што се случува не се мешаат во „правната“ проблематика, додека во меѓувреме спорната компанија „Македонијалек“ слободно учествува во дистрибуција на лекови и учествува на тендери.

Епидемијата се прошири во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Гевгелија, Штип, Кичево и Прилеп во моментов има зафатено над 1.000 заболени со оваа опасна заразна болест.

Останува прашањето дали е задоцнето вчерашното прогласување епидемија во целата земја, и дали мерката сите деца кои не се вакцинирани да им се забрани одење во градинка и училиште е доволно ригорозна за да се заштити колективниот имунитет. Освен ова мерка се намалува и старосната граница за вакцинирање на децата од 12 на 6 месеци, нешто што се дава како препорака од Светската здравствена организација  во вакви случаи и зошто не беше активирана претходно. Нема дополнителни мерки за средношколците, но, ќе можат  да се вакцинираат oние кои не ја примиле вакцината за мали сипаници.

Најголем број од заболените ни се деца на возраст под 5 години, дополнително бидејќи има и заболени повозрасни лица кои по редовниот календар не подлежат на вакцинација, така што секое лице над 14 години ќе може да се вакцинира во Центрите за јавно здравје , на возраст од 14 до 60 години.

Во моментов на инфективната клиника се хоспитализирани 55 пациенти,  од кои 26 деца. Во потешка здравствена состојба се 7 од заразените.  Светската здравствена организација предупреди дека бројот на случаи на сипаници ширум светот речиси четири пати се зголемил во текот на првите три месеци од годинава во споредба со лани.

Дел од новозаразените се медицински сестри или лекари, што дополнително го намалува капацитетот на болниците да се борат со ширењето на оваа опасна епидемија.

Хронологија на „непреземањето“ мерки

2 јануари 2019 година
Во Скопје се појавија повеќе случаи на лица заразени со морбили. Поради тоа, беше прогласена епидемија. Филипче излезе на прес-конференција со уште неколку други лица и објаснуваа колку се може да биде страшно.

5 јануари 2019 година
Во јавноста се пласира инфорамцијата дека во диспанзерите се чуваат вакцини со погрешен рок. На ова има жестоки реакции. Истиот ден, од Министерството за здравство тврдат дека проблемот бил во етикетите, а вакцините се безбедни за користење.

8 јануари 2019 година
Филипче спроведува вонреден испекциски надзор и вели дека сите вакцини се со добар квалитет. Најавува санкции за „Македонијалек“. Министерот и министерството не наложија повлекување на вакцините, оти констатирале дека се со добар квалитет.

10 јануари 2019 година
За да ја поткрепи тезата дека вакцините се со добар квалитет и не се со поминат рок, министерот Филипче на социјалните мрежи објавува фотографија од него и неговата внука Илина на која пишува дека тој ја однел на вакцина. Јавноста ова го сфаќа како пропаганда, медиумите објавуваат. Целата кампања добро се пробива во јавноста, но не за долго. Во моментите кога министерот ја носи внуката на вакцинација, сите зборат за МРП вакцините.

11 јануари 2019 година
Граѓаните реагираат на фотографијата и тврдат дека внуката на Филипче не била вакцинирана, а иглата била со капаче. Според нив има низа пропусти кои можат да се видат на фотографијата и велат „Докторката не носи ракавици, не е сликано во орднација, детето на вакцина го носат родителите а не чичкото“. На овие коментари, Филипче не реагира.

15 јануари 2019 година
Министерството констатирало дека декларациите на вакцините биле погрешни. Филипче продолжува да тврди дека ќе се бара максимална казна оти бил нарушен угледот на јавното здравство. Филипче не ја коментира кампањата со вакцинирањето на неговата внука.

24 јануари 2019
Сите МРП вакцини на кои стојат погрешно залепени декларации ќе бидат уништени од страна на компанијата „Македонија лек“, која ги дистрибуира. Одлуката ја донела Агенцијата за лекови и медицински средства. Ова е нова одлука по 19 дена, за вакцините кои Филипче тврдеше дека се со добар квалитет. Министерот бараше максимална казна за „Македонијалек“, а со неговото тврдење дека вакцините се употребливи, а потоа дека не се и треба да се уништат, повторно го отвори прашањето колку навистина вакцините се безбедни?

27 јануари 2019
Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, а потоа демантира.

Потоа бројот на заразени и починати расте, Филипче уверува дека ќе се справи со ситуацијата, но не презема нови чекори се до вчера, а истаргата за сомнителните етикети е заглавена во ОЈО.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.