ВИДЕО: Триесетдневен притвор за тројниот убиец од Кавадарци

На осомничениот убиец во Кавадраци му е изречена мерка притвор од 30 дена од страна на јавен обвинител во Велес, а мотивите за убиството сеуште се непознати.

Полицијата вчера го приведе осомничениот Тони С. два дена по убиството.

Од МВР соопштуваат дека при обавениот разговор со осомничениот во просториите на Полициска станица Кавадарци, било утврдено дека на 09-ти околу 16,00 часот осомничениот се упатил во куќата на родителите на неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка и по кратка расправија со сега починатата Билјана Л. и Снежана Л., со пиштол кој го носел со себе испукал по еден куршум во пределот на градите.

Потоа, се качил на спратот од куќата каде го пронашол Илија Л. во кој испукал еден куршум во пределот на градите, по што го напуштил лице местото.

Од здобиените повреди на лице место починале сопружниците Билјана Л. и Илија Л., додека нивната ќерка Снежана Л. им подлегнала на повредите во Општа болница Кавадарци.

Инаку, осомничениот претходно е пријавуван за кривично дело „насилство“ , кривично дело „телесна повреда“ и кривично дело „одземање малолетник“.

При апсењето, тој со себе носел и пиштол, за кој се верува дека е истиот со кој ги извршил убиствата.

Инаку утре во Кавадарци е прогласен ден на жалост, поради погребот на трагично починатото семејство. Одлуката ја донел градоначалникот Александар Панов.