Тригодишно дете и медицинска сестра меѓу рекордните 20 новозаразени во Тиквешијата

Рекордни 20 случа на новозаразени лица со коронавирусот случаи се потврдени  во тиквешко во последните 24 часа.

Како што информира за МИА, др Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог од кавадаречкиот Центар за јавно здравје, од потврдени се 15 нови случаи во Кавадарци, три во Неготино и два во Демир Капија, на возраст од три до 72 години, од двата пола.

„Сите се со симптоми, двајца на возраст од 63 и 47 години се хоспитализирани во болница. Петмина претходно имале контакт со заболено лице, другите не знаат каде се заразиле“, рече докторот според кого заболена е и една медицинска сестра.

Меѓу новозаболените има и едно тригодишно дете од градинка, па затоа во изолација се воспитувачка, негувателка и 13 дечиња од неговата група. Денеска ќе се дезинфицираат просториите во градинката.