Трикови за чиста и уредна кујна

Не е доволно само апаратите во домаќинството да се модерни, туку треба и да се практични, што ќе овозможат полесен начин и пократко време потрошено за одржување уредна кујна – ќе ви каже секоја жена (или маж) на кои многу често им се „темни пред очите“ на самата помисла дека секој ден поминуваат одредено време во кујната подготвувајќи здрави оброци за своите сакани. Што подразбираме под „практични“?

Сите јадења згответе ги во една рерна, истовремено!

Еве на пример погледнете ја Samsung рерната NV7000B 4-2 DC, со двојно готвење и природна пареа која освен што поседува беспрекорен изглед и ултра модерен дизајн, во неа можете да зготвите повеќе јадења одеднаш. Dual Cook карактеристиката ќе ви овозможи во горната и долната зона од рерната да готвите дури и на различни температури, па и на пареа. Времето за готвење значително ќе ви се намали бидејќи горната зона може да се користи за сместување на помали садови со храна, двете зони заедно може да се користат за подготовка на повеќе разни јадења со различни поставки, а целата рерна може да се користи и за големи садови или поголеми намирници како подготвување на печење или мириска за вашиот семеен собир или вечерата која ја планирате за вашите пријатели.

А што се однесува до чистење на внатрешноста на рерната после користење, Samsung се погрижи сето тоа да биде на најлесен можен начин за вас, и тоа со системот за пиролитичко чистење кој со загревање на внатрешноста ги согорува сите маснотии и остатоци од готвењето, како и системот за каталитичко чистење чија каталитичка подлога на задниот дел од празнината ја апсорбира маснотијата од прсканиците и капките од готвењето.

И секако тука е и AI, која освен што е тука да го поедностави целото искуство во кујната, таа на вашиот мобилен телефон ќе ви препорачува персонализирани рецепти и неделни планови за оброци – сето ова преку апликацијата SmartThings Cooking.

Попаметен начин на миење садови

Нема ништо поубаво од тоа кога целата фамилија ќе се собере на неделен ручек. Но, штом готвењето ќе заврши и ручекот ќе пројде, а полека сите со полни стомаци ќе си се повлечат во своето катче, на вас ви останува најдосадниот дел од искуството „кујна“: миење на садовите и средување на кујната. Но, не мора да значи дека истото мора одзема многу време и да биде напорно, бидејќи постојат и попаметни и поефикасни начини на миење садови. Samsung е повторно тука со својата DW8500AM машина за садови со висока енергетска ефикасност, која е конструирана на начин да собере што е можно повеќе садови. Непреченото движење и поместување на фиоките се приспособуваат на начин што овозможува сместување и на садови со најразлични форми и големини и тоа само со еден допир, а опцијата Auto Adjust ќе ви овозможи да ја движите горната полицата погоре или подолу. Со создавање повеќе простор на долната полица, може да се сместат различни големини и форми на садови, вклучително големи лонци, широки послужавници и големи чинии. Така да, бидете без грижи – и големите работи што обично ги оставате да ги исперете на рака,  со оваа машина од Samsung ќе бидат беспрекорно измиени.  Да не ја заборавиме и функцијата Tumbler Supportсо која  безбедно се сместуваат и деликатни предмети, како на пример посебните чаши за вино.

 

И како шлаг на тортата, машината за садови можете да ја контролирате далечински и да ги преземете специјалните програми за перење преку апликации. А во корист на времето, секако можете да ја изберете опцијата Speed Booster за процесот на перење да заврши многу побрзо, без разлика за кој циклус или големина на полнење станува збор. Тоа е совршеното решение кога треба брзо да измиете некои садови или чинии за некој оброк или забава.

Повеќе информации за апаратите за домаќинство можете да најдете на:

https://www.samsung.com/mk/cooking-appliances/ovens/nv7000b-4-series-dual-cook-4series-dual-cook-nv7b44403aw-u3/

https://www.samsung.com/mk/dishwashers/built-in/dw8500am-high-energy-efficiency-14-place-settings-white-dw60a8060bb-eo/

https://www.samsung.com/mk/dishwashers/all-dishwashers/

https://www.samsung.com/mk/cooking-appliances/all-cooking-appliances/

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.