Трикови за визуелно издолжување на фигурата

Доколку сакате визуелно да ја издолжите фигурата, модата во голема мерка може да ви помогне во тоа – еве неколку едноставни трикови како да го освежите вашиот стајлинг.

Модата не е наменета само за високи и витки дами, туку и за оние со поситна градба и со низок раст. Колку и да ви се чини дека поради недостатокот на некој сантиметар височин а се соочувате со големи предизвици, бидете подготвени на тоа дека стилизирањето и облекувањето не се толку голем предизвик.

Еве неколку трикови што ќе ви помогнат за визуелно да ја издолжите фигурата.

Избегнувајте долги блузи

figura-2

Долгите блузи изгледаат одлично на високи личности, поради што не би требало да ги носите ако сте со понизок раст затоа што долгата туника ќе создаде нескладност на пропорциите што може дополнително да ги „скратат“ вашите нозе.

Покажете го глуждот

figura-3

Дали сте знаеле дека покажувањето на глуждот може позитивно да влијае врз вашиот целокупен изглед, правејќи ги вашите нозе многу подолги? Значи, пресечените траперки или пантолоните што се до средината на листот може да бидат вистински избор ако сакате да ја издолжите вашата фигура и да направите да изгледа повитко.

Монохроматска комбинација

figura-4

Комбинирањето на парчиња со идентични нијанси креира илузија на подолга линија, а таа директно се пресликува на вашето тело.

Избегнувајте облека со должина до колената

Сите парчиња облека со должина до колената визуелно ја намалуваат и ја кратат вашата фигура за половина, а со самото тоа ќе го скратат и вашето торзо и нозете. Избегнувајте ја оваа стилска грешка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.