Македонија,Крими хроника

Трикратниот убиец од Кавадарци давал отпор при апсењето

Трикратниот убиец од Кавадарци давал отпор при апсењето

Дали се живи или починаа родителите на жена ми и сестра и кои ги застрелав, вака покајнички прашувал трикратниот убиец кога денес бил фатен во градските гробишта во Кавадарци, на околу петнаесетина метри од капелата, објавува Дневник.

Полициски извори за “Дневник” откриваат дека по трикратното убиство кавадаречките полицајци буквално не спиеле што се вели за да го пронајдат убиецот и да го решат случајот кој ја потресе пошироката јавност и каков што не се памети на овие простори. Како што вчера пишувавме, била прочешлана секоја педа во околината. Полицијата имала одредени сознанија и работела на терен, трагала, вршела претрес во објекти.

– Особено обрнавме внимание на проверка на негови блиски роднини и пријатели дали можеби знаат нешто но и проверка на населби, викендички, напуштени куќи и недоизградени објекти. Имавме сознанија дека има пиштол со себе и два куршума, кои наводно ги чува за себе и жена си. Затоа според нас, логично беше да го лоцираме неговото присуство некаде околу гробиштата оти каде инаку би можел најбрзо да дојде до сопругата ако не на погребот на нејзините родители и сестра кои претходно ги застрелал. Се покажа дека добро размислуваме и откако подолго време го лоциравме околу градските гробишта и го чекавме да се појави, тој навистина се појави – вели полициски извор за Дневник.

Кога ја видел полицијата убиецот се вдал во бегство но полицајците му викале да застане и да се предаде. Во прво време не сакал да ги послуша па тие морале да пукаат предупредувачки рафални истрели од пушка. Дури еден од истрелите бил во негова близина за навистина да ја сфати сериозноста на предупредувањата.

– Полицајците истрчаа, го престигнаа и совладаа иако во прво време даваше мал отпор. Потоа го приведоа. Му го одзедоа пиштолот со двата метка. Проверуваме дополнително дали тој навистина спиел во гробиштата и каде се движел од после убиството до сега.

Дознаваме дека бројни полицајци за цело време оперирале низ Кавадарци од кои дел и на гробиштата. Откако го лоцирале убиецот и решиле да го фатат дошло засилување во тој дел на градот, а имало и помош од граничната полиција.