Трилатерална средба во Атина на шефовите на дипломатиите на Грција, Кипар и Израел

29

Министрите за надворешни работи на Грција, Израел и Кипар, Никос Дендиас, Габи Ашкенази и Никос Христодулидис, денеска ќе одржат трилатерална средба во грчкото МНР, а акцентот ќе биде ставен на зајакнување на соработката и на Источниот Медитеран, јави дописничката на МИА од Атина.

– Разговорите ќе се фокусираат на зајакнување на соработката на трите земји во областите како што се економијата и енергетиката, како и случувањата во Источниот Медитеран и на Блискиот Исток, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.