Трилер завршница во дербито на дното во Серија А

ACF Fiorentina and Genoa Cfc at the Artemio Franchi stadium in Florence, Italy, 7 December 2020ANSA/CLAUDIO GIOVANNINI

Во последниот натпревар од десеттото коло на италијанскот фудбалско првенство во дуелот за бегство од дното на табелата Фиорентина и Џенова на македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев одиграа 1:1 во натпревар од кој за одбележување се само минутитите од судиското продолжение.

Во вниматателната игра првиот погодок беше постигнат во 89 минута, а стрелец за гостинската екипа беше хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца. Само секунди ја делеа Џенова од голем успех на гости во борбата за опстанок, но на истекот од осмата минута на судиското продолжение по една мешаница пред голот на гостите најдобро се снајде српскиот интернационалец Никола Миленковиќ.

Фиорентина по десет кола се наоѓа на 17-то место со девет бодови, додека Џенова е претпоследна 19-та со шест бодови.