Тримчевска: По завршување на постапката за носење на ДУП забелешките на граѓаните на Лисиче ќе бидат вметнати, нервозата кај СДС веројатно е заради тоа што ќе нема маркица за хотел како таа на мајката на Богоев

Политичките партии кои се дел од власта за жал функционираат по принципот „секој ден нов коруптивен скандал“, па така „СДСМ Корумпирана“ треба да биде новиот слоган со кој оваа политичка партија ќе излезе на следните избори. Изминатите денови јавноста е сведок на неколку нови зделки, одлуки и договори со кои блиски роднини на раководството на СДСМ стануваат сопственици на државно земјиште по нереално ниски цени. Одлуки кои паѓаат на товар на граѓаните и кои во исто време нанесуваат значителна штета на буџетот на Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Милка Тримчевска, советник во Советот на Општина Аеродром.

-Додека, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во услови на економска криза, секојдневно реализираат проекти, единствено нешто што реализираат функционерите на СДСМ се коруптивни скандали поврзани со блиски роднини на раководството на партија. Јавноста е сведок, а медиумите во неколку наврати информираа за фактот дека мајката на Стефан Богоев е „случајниот купувач“ на земјиште каде таа треба да изгради луксузен хотел, а сопругата на Димитар Ковачевски е „среќниот купувач“ исто така на државно земјиште каде наскоро ќе бидат поставени фотоволтаици. Ова е типичен пример на корупција, за која Државната комисија за спречување на корупција уште веднаш да отвори постапка.

И додека секојдневно се редат коруптивните скандали партиските мегафони на СДСМ не престануваат да ја замајуваат јавноста со ширење лажни вести и дезинформации обидувајќи се вниманието на јавноста да го оттргнат од лошото и расипничко водење на државата. И веројатно единствено нешто кое знаат да го прават од политичката партија на власт е да склучуваат договори, матни зделки да ја лажат и манипулираат јавноста. Последниот во низата вакви обиди е пласирањето неточни информации поврзани со Деталниот урбанистички план во дел од населбата Лисиче кој напротив се реализира целосно транспарентно и во согласност со законите и кој решава сериозни урбанистички проблеми на голем дел од жителите на овој дел од Аеродром. Градоначалникот Муцунски пред неколку денови на прес конференција спомена, јас денес уште еднаш да потсетам дека иницијативата за изработка на овој ДУП е започната во време на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, истата целосно во согласност со законите и најтранспарентно продолжува да се реализира за време на градоначалникот Муцунски. Доколку СДСМ бара некаква одговорност, тоа најпрво треба да го направи од нивните функционери.

Затекнати од фактот дека се решаваат проблемите во Аеродром, веројатно тие очекуваат во Лисиче да никне хотел како тој на мајката на Стефан Богоев или пак да се постават фотоволтаици како тие на сопругата на Димитар Ковачевски. Веројатно во тој случај тие ќе дадеа поддршка за завршување на овој проект. Наводната „бетонизација„ во Лисиче за која тие се загрижени е само блеф, односно начин преку кој тие се обидуваат да ги забетонираат своите позиции во низата коруптивни зделки.

По завршување на законски предвидената постапката, граѓаните на Лисиче ќе добијат Детален урбанистички план кој ќе бидат внесени голем дел од нивните забелешки и ќе ги реши голем дел од локалните и урбанистички проблеми со кои тие се соочуваат. Токму решавањето на проблемите и развојот на општината се приоритетите на актуелното раководство на Општина Аеродром. Додека СДСМ се занимава со ширење неточни информации, ние сме цврсто посветени на процесот на реализација на проектите кои ќе значат поубав Аеродром. Само еден од примерите за тоа е почетокот на активностите за новиот парк „Радост“, локација во урбаното јадро на општината каде наместо три градежни маркици, деновиве никнува парк од 6000 метри квадратни.

Деновите од владеењето на СДСМ во Република Македонија се избројани и ќе завршат на ист начин како што заврши нивното владеење во Аеродром. Изборите се место на кое граѓаните ќе дадат поддршка за проектите и развојот кои го промовира ВМРО-ДПМНЕ, наспроти лагите и неточните информации кои СДСМ секојдневно ги пласира во јавноста, рече Тримчевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.