Тримесечно бебе фрлено на хауба во центарот на Скопје

Се’ уште непознато лице утрово фрлил тримесечно бебе на хауба во центарот на Скопје и си заминал.

Како што дознава „Прес 24“ од полициски извори, анонимен минувач пријавил во полиција дека непознат маж го фрлил бебето врз хауба од автомобил паркиран на улицата Никола Вапцаров, поточно пред старата зграда на Министерството за финансии и си заминал. Бебето веднаш било згрижено во Детстката Клиника.

Нема информации во каква состојба е детето ниту пак кој го оставил таму.

Полицијата го потрди случајот.  Повеќе детали најавува за подоцна.