Тримесечно бебе жртва и пет повредени во сообраќајна несреќа на делницата Кичево – М.Брод

Тримесечно бебе е жртва во сообраќајната несреќа во која има уште петмина повредени а којашто во средата попладнето околу 17,20 часот се случи на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод.

Во инцидентот кој се одиграл меѓу селата Србјани и Староец  учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.

Во незгодата починало едно тримесечно бебе, а пет повредени лица со Итна медицинска помош се пренесени во Медицински центар Кичево. Сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.