Тринаесет курсисти ги земаа своите дипломи за 3ds max/V-RAY

Тринаесет курсисти успешно го завршија сертифицираниот курс на Аутодеск Македонија во Штип за 3 ds max/V-RAY.

„Сите курсисти кои беа дел од втората група од курсот во Штип изработија напредни рендери кои следниве денови ќе ги презентираме“, вели Никола Кумев од Аутодеск Македонија, компанија која е единствена во Македонија со сертификат за програмите на Аутодеск.

Дека курсот е вистинска инвестиција во себе говори успешната приказна на еден од курсистите кој кратко по успешното завршување на двомесечниот курст по 3 ds max добил понуда изработи идејно решение за внатрешно уредување на канцелариски простор.

„Требаше за мал временски период од два до три дена да пронајдам и реализирам во 3Ds Max идеја-решение од приближно 600 метри квадратни. Ми дојде добар предизвик и вистински проект после посета на два месеци курс.Иако претходно имав работено во други програми, имав страв дека нема да стигнам на време бидејќи програмот 3DS Max го работев само на курсот, но сепак за два месеци научув навистина доста. Прифатив и го сработив во дадениот рок од три дена.На почетокот навистина беше тешко, бидејќи ми одзема доста време, барањето на идеја на мебел за сите простории, подредување, категоризирање на просториите од луксузни, полулуксузни , конференциска сала, сала за состаноци и работна просторија. Гледав на тоа мебелот да е прикладен во сите простории истотака и додатоците како техника, завеси, елементи, санитарија, врати и алу профили“, вели еден од курсистите кој само пред неколку месеци го завршил курсот.

Инаку, во моментов во тек се уписите за курсевите во Скопје, Штип и Битола. Курсевите се организираат и на албански јазик. За летово, како што вели Кумев, се организира голем летен камп во Охрид на кој што свои предавања ќе имаат истакнати експерти од Балканот. Сите заинтересирани повеќе информации може да добијат на info@edukacijaanimacija.com или на веб страната на Аутодеск Македонија www.autodeskmakedonija.com.