Тринаесет убиени во пукање во локал во Калифорнија

Најмалку 13 лица се убиени, вклучително и напаѓачот и еден полицаец, во напад на ресторан во американската сојузна држава Калифорнија, соопшти во четвртокот шерифот на локалната полиција Џеф Дин.

Се’ уште не е јасно дали осомничениот напаѓач се застрелал самиот или е убиен во престрелка. Неговиот иденетитет не е соопштен, а уште деветнаесет лица се ранети, додаде шерифот.

Нападот бил извршен во барот-ресторан „Bordeline“ во местото Таусанд Окс, каде што се одржувала студентска забава. Во мометот на пукањето во локалот имало околу двесте луѓе. Според локалните медиуми, непознатиот истрелал најмалку триесетина куршуми. Полицијата засега не исклучува дека можеби станува збор за терористички напад.

Осомничениот, опишан како брадест маж, облечен со црна качулка и маска кои му го покривале лицето, потврдено е дека е најден мртво откако бил „откриен и неутрализиран“, од страна на полицијата, изјавил Енрдју Фокс, градоначалник на Таусанд Окс.

Очевидци за локалните медиуми изјавуваат дека напаѓачот го застрелал припадникот на обезбедувњето на влезната врата од локалот и оти фрлил потоа чадни гранати, по што пукал од пиштол истрелувајќи десетици куршуми.

Таусанд Окс се наоѓа околу 64 километри од центарот на калифорнискиот мегалополис Лос Анџелес. Во него се сместени неколку колеџи и универзитети и е рангиран како еден од најбезбедните градови во САД, од страна на Федералното биро за истраги (FBI).

Во септември вооружен напаѓал во Бејкерсфилд, исто така во Калифорнија, смртно застрела шесл лица, вклучително и себеси и својата сопруга, во масовно пукање за коешто полицијата вели дека станала „нова вообичаена“ појава ширум земјата. Во САД секоја години 33.000 луѓе се убиени во насилства со огнено оружје.