Тринаесет загинати во уривање на авион на лет од Лас Вегас до Мексико

Пронајдени се остатоците од авионот кој исчезна на летот од Лас Вегас до летувалиштето Лас Вегас во северно Мексико, објави во понеделникот владата на сојузната мексиканска држава Коауила, наведувајќи дека во приватниот авион имало 13 патници и членови на екипажот и дека нема преживеани.

Остатоците од авионот биле пронајдени 240ReR километри североападно до градот Монклаве, изајивил Фернандо Орта од министерството за вонредни систуации.

Службата за следење летови FlightAware објави дека станува збор за деловен авион од моделот „Challenger 601“, на канадскиот производител „ Bombardier Inc.“.

Мексиканските медиуми објавија дека патниците во саботата го гледале боксерскиот меч меѓу Саул „Канела“ Алварез и Даниел Џејкобс во Лас Вегас и летал кон Монтереј, во сојузната мексиканска држава Ноево Леон. Имињата на екипажот и патниците се објавени во локалните медиуми.
Авионот во неделата по локално време исчезнал од екраните. Првите фотографии направени од воздух кои ги пренсоа мексиканските медиумик покажуваат карбонизиран труп на авионот распаднат на повеќе делови во пустинска област.