Тринаесетгодишник пријавен за 13 тешки кривични дела

Тринаесегодишно момче од Струмица е пријавено поради до обвинителството откако е осомнечено дека е сторител во текот на два месеца на дури тринаесет кривични дела, меѓу кои се и разбојништва и тешки кражби, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи.

Според информацијата, СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишен малолетник од Струмица, поради основано сомнение дека извршил 13 кривични дела тешки кражби, кражби, разбојништва и одземање на моторни возила и велосипеди, извршени во Струмица, Радовиш и во Кочани, соопшти МВР.

Малолетникот кривичните дела, за кои се обезбедени и материјални докази, ги направил во последните два месеца на територијата на Струмица и населените места во Струмичко, во Радовиш и во Кочани. Тој бил повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор, посочуваат од МВР.

По комплетното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.