„Трипл-дабл“ на Харден за триумф над Голден Стејт

Фантастичниот Џејмс Харден го предводеше Хјустон до голема победа на гостувањето кај актуелниот НБА шампион Голден Стејт. „Брадата“ натпреварот го заврши со 44 поени, 10 скока и 15 асистенции.

Конечниот резултат 135:134 за Хјустон беше поставен по дополнителни пет минути и со тројка на Харден во последната секунда.

На другите два натпревара одиграни ноќта меѓу четврток и петок постигнати с еовие резултати:
Сан Антонио – Торонто 125:107
Сакраменто – Денвер 113:117.

Пласман во Западната конференција: Денвер со биланс 25-11 (победи-порази), Оклахома 24-13, Голден Стејт со 25-14, Хјустон 22-15,…

На Истокот прв е Милвоки со биланс 26-10, следува Торонто со 28-12, а по нив, Индијана 25-12, Филаделфија 25-14, Бостон 22-15,…