„Трипл-дабл“ на Вестбрук за победа на Тандерс

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни само три натпревара во коишто Оклахома Сити Тандерс ги победија Јута Џез, Торонто Рапторс славеа против Феникс Санс, а Вашингтон Визардс против Портланд Трејл Блејзерс.

Во Оклахома Сити, Расел Вестбрук дојде до својот седми „трипл-дабл“ оваа сезона, постигнувајќи 34 кошови со 14 асистенциии 13 скокови. Пол Џорџ додаде 21 поен, а Стивен Адамс 20 кошови со 9 скокови. Јута Џез ги предводеше Донован Мичел со 31 погодок.

Џез водеа со 47:39 на полувремето и многу брзо во второто дојдоа до предност од дури 17 поени. Меѓутоа, благодарејќи на Вестбрук, кој во третата четвртина постигна 11 кошови. Тандерс го намалија заостанувањето на 68:80. Потоа Оклахома стаса и до шест поени заостанување на почетокот од последната четвртина, а четири минути пред крајот премина во водство.

Вашингтон Визардс на гости славеа против Портланд Трејл Блејзерс со 106:92, благодарејќи на Бредли Биал кој мечот го заврши со дури 51 поен. Најголемото водство на Визардс во еден момент изнесуваше 23 поени. Кај Блејзер се истакна Демиен Лилард со 30 поени, 8 скокови и 9 асистенции.

Торонто Рапторс на домашен терен славеа со 126:113 над Феникс Санс. Освен поразот, за Феникс лоша вест е и што се повреди најдобриот нивен играч Девин Букер кого играчите го изнесоа од теренот на помалку од три минути пред крајот на мечот. Букер натпреварот го заврши со 19 поени. Торонто ги предводеа Кајли Лоури и Демар Роузен со по 20 поени, а Лоури додаде и 10 асистенции.