Трипуновски: Додека Заеви јадат од златен прибор, чии цени се и до 50.000 евра, тутунарите немаат за леб

И додека Заеви јадат од златен прибор, за кој што цената достигнува и до 50.000 евра, тутунарите трпат за леб, бидејќи килограм тутун го продаваат по цена од една кутија цигари. Два месеци трае голготата на тутунарите. Два месеци Заев ги лаже и ги манипулира дека ќе им го реши проблемот. Два месеци нема решение, истакнува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„30.000 домаќинства односно 120.000 наши сограѓани, тутунари, се со загрозена егзистенција. Доколку власта во најкраток период не ја зголеми субвенцијата за предаден килограм тутун како што предлагаме, слободно додадете ги и тутунарите на онаа бројка од 500 илјади наши сограѓани кои живеат во сиромаштија бидејќи од март месец за тутунарите почнува вистинската голгота и глад. Зоране, овие 120.000 тутунари, немаат златни лажици и вилушки, тие ќе се снајдат и со обични метални, но немој да им го земаш лебот од уста“, рече тој.

Трипуновски потенцира дека решение има, само е потребно веднаш да се реагира.

„Но СДСМ покажа дека не сака да изнајде решение. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште на 28.12.2020 година побараа расправа во Собранието за состојбата со тутунот и тоа да биде како прва точка на дневниот ред, но СДСМ со цел да ја избегне точката ја стави како последна на дневниот ред со цел колку може да пролонгира колку што може повеќе. ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и сега останува на располагање на тутунарите, и ќе биде со нив. Во таа насока преку нашите пратеници ќе  иницираме и јавна расправа во Собранието на Република Македонија. И со сите средства кои ни стојат на располагање ќе се бориме за правата на тутунарите во Република Македонија, порача тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.