Неспособноста на Агенцијата за храна и ветеринарство и „вечниот“ В.Д. директор Николче Бабовски продолжува во континуитет. Повторно и повторно ја демонстрираат својата некадарност во организирање на навремени јавни набавки, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Резултат е закочената активност во спроведувањето на редовните мерки согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните од страна на ветеринарните друштва. Во ек на најголемите активности, Факултетот за ветеринарна медицина Скопје ги известува надлежните ветеринарни друштва дека не се во состојба да ги примаат доставените мостри поради немање на активен договор за јавна набавка со Агенцијата за храна и ветеринарство. Што значи сето тоа во „превод“ : стадата овци, кози, говеда ќе останат без лабораториски испитување на заразната болест Бруцелоза, млекото кое ќе оди во млекарите ќе оди од стада со непознат здравствен статус што самото по себе ќе значи загрозување на јавното здравје, односно изложување на опасност на здравјето на потрошувачите“, вели Трипуновски во својот пост.
Апелира на се игра со здравјето на народот, затоа што здравјето нема цена.