Трипуновски: На земјоделците гледам како на највредни луѓе, тие ја харанат Македонија

На земјоделците гледам како на највредни луѓе, тие ја хранат Македонија, не треба да има поделби, туку сериозен пристап кон нивните проблеми, вели дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

„Моја улога е како дополнителен министер е до избори да не се злоупотребуваат земјодлеците. Сериозниот пристап ќе го оставиме за по изборите. Јас досега немам направено никаква опострукција во Министерството. Вистинска грижа ќе бидат по изборите“, објасни Трипуновски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.