Трипуновски: Наместо Бабовски да се заканува со кривична пријава кон мене, треба кривична пријава да му се поднесе нему, прекршен е членот 84 од Законот за безебедност

Во вечерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24 гостуваше претседателот на комисијата за шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски. Тој истакна дека Директорот на АХВ, Бабовски во очите на јавноста манипулира со податоците бидејќи тендерот за мониторинг лабораторија сеуште трае.

„Тендерот за избор на мониторинг лабораторија сеуште трае и истиот е објавен на 18.05.2023-та година односно овој месец со вредност од 3,5 милиони денари без ДДВ и истиот важи до 10.07.2023-та година што значи дека сеуште Агенцијата за храна и ветеринарство нема избрано лабораторија каде по однос на мониторинг програмата ќе се испитуваат анализите“, истакна Трипуновски.

Тој додаде дека анализите кои се направени се направени врз основа на контроли од официјални инспектори на граничен премин и во внатрешноста.

„Извештајот со архивски број 10802296/2 од 22.05.2023-та година овде корисник и земател на мострата е Агенцијата за храна и ветеринарство и се работи за мостра на млад кромид. Дата на земање на примерокот е 22.04.2023-та година, а резултатот излегува на 22.05.2023-та година, односно речиси 30 дена од денот на земање до денот на резултатот. Во резултатот кој е пристигнат е откриен еден пестицид кој има максимално ниво мерна единица 0,01 а резултатот е 13 пати над дозволеното“, кажа Трипуновски.

Тој посочи дека токму со ова е демаскирањето на Агенцијата за храна и ветеринарство која сака да не убеди дека не е така.

Трипуновски истакна дека арсен во храната во Република Македонија не е дозволено, а во извештајот стои дека има концентрација на арсен од 5,29 микрограми на килограм.
„Арсенот кој е детектиран на пратка од краставица со истата мерна единица во нашето законодавство не е дозволено ниту минимална концентрација на овој тежок метал“, вели Трипуноски.

Тој потенцираше дека да не било ВМРО-ДПМНЕ да ја информира јавноста за овој скандал кој се случил за кој ги тангира сите граѓани од најмалите до највозрасните ние денеска воопшто немаше да знаеме каква пратка влегла, кој ја изел, дали е уништена или пак не е уништена и какви последици ќе има.

„Наместо Бабовски да се заканува со кривична пријава кон мене, треба кривична пријава него да му се поднесе затоа што го прекршил членот 84 од закон за безбедност каде што вика дека Агенцијата и Директорот имаат обврска да ја информираат јавноста за секоја пратка која е небезбедна“, заклучи Трипуновски.