Трипуновски: Николовски да излезе на дуел со мене, а не да ги плаќа своите пулени да ме напаѓаат

50

Наместо да собере храброст и излезе на ТВ дуел Љупчо Николовски ги праќа своите пулени да ме напаѓаат и шират невистини, напиша на Фејсбук, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на нападите кои ги доби на истата социјална мрежа.

Вистинските проблеми на земјоделците се сега и денес. Никогаш порано не се фрлаше слива, бостан, зелка, не се сечеа цели стебла јаболкници, никогаш порано земјоделецот не беше вака понижен. Време е да си одите. Оставка, напиша Трипуновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.