Трипуновски од кванташкиот пазар во Струмица ги повика земјоделците в сабота да излезат на протест

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на кванташкиот пазар во Струмица, а преку видео изјава изјави дека ситуацијата на терен е лоша.

-Утрово го посетив кванташкиот пазар во Струмица каде што се сретнав со земјоделците кои произведуваат раноградинарски производи.

Ситуацијата на терен е лоша во секој поглед, слаб пласман, ниски откупни цени, Владата и МЗШВ никаде ги нема, едноставно земјоделците се оставени сами на себе во овие моменти. Затоа ве повикувам на 18 јуни во 20 часот на протест пред Влада на Република Македонија да и ставиме крај на оваа ненародна власт на СДСМ и ДУИ, време е, вели тој преку изјавата.