Трипуновски од Струмица: Селективната поделба што ја прави СДСМ на земјоделците на 12-ти април ќе биде минато

Она што сакам да го пренесам до земјоделците е дека состојбата во земјоделскиот сектор е навистина катастрофална и ова не се зборови само на Цветан Трипуновски, ова се зборови на земјоделци, ова денеска од Струмица го истакна дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

Почнувајќи од селективната исплата на субвенциите, едноставно немање на сенс за обештетување од штетите кои што ги опфатија земјоделците на речиси цела Македонија во изминатите години и она што значи празно ветување за загарантиран откуп и повисоки откупни цени. Еве и на пазарот денеска во разговор од некој производители и купувачи ситуацијата е многу лоша, едноставно ниту се продаваат, ниту граѓаните се подготвени да ги купат овие производи. Оваа селективност која што ја прави владата на СДСМ и поделба на подобни и неподобни на 12 април ќе биде минато, затоа што земјоделството и земјоделецот не треба да се делат ниту на ниту една основа, најмалку партиска и верска, рече Трипуновски.

Додаде дека трудот треба да се вреднува правилно како што треба.