Трипуновски побарал од Шапуриќ вонреден налог за инспекциски контроли на сите откупни пунктови за тутун

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ да изготви вонреден налог за официјални контроли на сите откупни пунктови за тутун.

Целта на ваквото барање, како што изјави Трипуновски по средбата со Шапуриќ, е да се елиминиират сите злоупотреби од страна на откупните компании.

-Сведоци сме дека во изминатиов период ги посетив скоро сите региони во Република Македонија каде што има откуп на тутун како Кривигаштани, Долнени, битолскиот дел, Радовиш,…, каде што лично се уверив дека има несогласувања, односно има потценување на трудот на македонскиот земјоделец, во случајов тутунарите, рече дополнителниот заменик-министер.

На средбата со Шапуриќ, додаде, укажал и дека Иснпекторатот мора да ги спроведува законските надлежности и да биде коректор на она што значи злоупотреба на терен во однос на откупот на тутунот.