Трипуновски предлага рокот за ажурирање на податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства да се продолжи за еден месец

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својот официјален фејсбук профил предлага рокот за ажурирање на податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства да се продолжи за еден месец.

– Паниката што се создаде кај граѓаните заради коронавирусот ги зафати и земјоделците кои се во ек на ажурирање на податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства со цел да може да го остварат правото на земање на субвенции. Денеска е регистрирана поголема фреквенција на земјоделци во неколку подрачни единици. Имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата со вирусот и желбата на земјоделците да завршат во предвидениот рок, а да се спречат несакани последици, предлагам рокот за ажурирање на податоци да се продолжи за еден месец, пишува Трипуновски на фејсбук.