Трипуновски: СДСМ и Атанасов манипулираат со земјоделците

СДСМ и Атанасов манипулираат со земјоделците. Над 60 милиони евра субвенции од 2017, 2018 и 2019 година остануваат неисплатени. Каде се парите!?

Квази проектот ,,Зелена нафта” не им помага на земјоделците. Наместо реални поволности земјоделците добија ваучер од 500 денари. Да не беше жално, ќе беше смешно!

Мерката млад земјоделец е утната. Во програмата за 2020 година СДСМ има предвидено средства за само 8 апликанти. Дно!

Хидроакумулациите се испразнети. Полињата во 2020 ќе останат без наводнување.

Откупот на сите земјоделски култури во изминативе 3 години се одвиваше катастрофално слабо, цените беа ниски, а родот често завршуваше на буниште.

Нема поврат на данок кај земјоделите.

Субвенциите се исплаќаат по партиски клуч, а земјата се дели по роднинска линија.

Земјделството е руинирано. Хаосот ќе заврши на 12 април. Македонија може подобро. Следува обнова. Повеќе за секого, напиша на Фејсвук дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.