21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Трипуновски: Трајане, денес и официјално го надмина Зоран Заев

„Честитки Трајане! Денес и официјално го надмина Зоран Заев! Не џабе рекле крушата под круша паѓа! На терен ги лажеш земјоделците дека владата дава 20.000 евра грантови на младите земјоделци, а на влада со Заев имате предвидено само 160.000 евра за поддршка и потикнување на земјоделско производство. Или во превод, во 2020 година грант од 20.000 евра ќе може да добијат само 8 земјоделци, вели техничкиот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски, за министерот за земјоделство Трајан Димковски.

„Вака ли ќе го јакнете земјоделството!? Додека вие јадете бадеми и фстаци, за земјоделецот нема ни за леб!
Срамота!

Се фалите со некаква програма во земјоделието, а всушност немате ниту еден проект. Само промашувања и лаги. Земјоделецот три години пати.

Земјоделците не треба да се грижат. Маките наскоро ќе бидат минато. Со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт инвестициите во земјоделството ќе се зголемат. По 12 април, повеќе за сите“, објави на Фејсбук, Трипуновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.