Трипуновски: Владата на СДСМ го доведе земјоделецот на раб на егзистенција

25

Килограм грозје 4,5 или 6 денари, ова е реалноста почитувани мои земјоделци со СДСМ. Оваа расипничка влада ги доведе земјоделците до раб на егзистенција. А од земјоделството направи гранка од која луѓето бегаат, затоа што нема да можат да извадат ниту корка леб.

Зоран Заев, Љупчо Николовски и Трајан Димковски се луѓето кои нанесоа трајни последици врз македонското земјоделство.Четврта година нема ниту откуп, ниту стабилни и високи цени. Од година во година цените за откуп на грозјето се се пониски и се попонижувачки. Алармирав дека до ова ќе дојде, и затоа уште во февруари годинава упатив повик до власта да ги свика земјоделците, откупувачите и винарниците, како ќе може да се превенира ова кое сега се случува. Но беа арогантни и не послушаа, нивната ароганција не им дозволи да видат дека иде хаос, кој се неспособни да го решат.

Со СДСМ земјоделството само ќе тоне!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.