10.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Трипуновски: Владата на СДСМ има пари да купува за лубриканти, а нема пари за земјоделците

Еден земјоделец во приватни пораки ме замоли да те прашам како може да нема пари за земјоделците, а да има пари за лубриканти и презервативи. Значи треба да се посветите во овој сектор, не може само со празни флоскули, програмата ви е во минус, неисплатени субвенции каде и да појдете се соочувате со критики, му порача Цветан Трипуновски дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната гостување во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24 на министерот Трајан Димковски од СДСМ.

Трипуновски додаде дека во моментот има повеќе хали на марихуана отколку полиња со жито, укажувајќи дека реалните проблеми на земјоделците се надвор а не во удобната канцеларија на Димковски. Дали знаеш и дали си среќен дека во Македонија има повеќе хали со марихуана отколку полиња со жити. Дали го слушаш плачот и лелекот секојдневно на земјоделците. Јас те разбирам постојано си во удобната канцеларија, но проблемите се надвор и реалноста е многу поинаква од тоа што го кажуваш тука, вели Трупиновски. Заменик министерот Трипуновски истакна дека има пад на работната сила во земјоделскиот сектор, посочувајќи дека според Државниот сектор за статистика има пад од 5,1 процент.

Можам да те едуцирам и час да ти држам за падот на земјоделското производство. Еве уште едно прашање кажи ми зошто има пад на работната сила во земјоделскиот сектор? За споредба еден податок од Државниот завод за статистика каде што се вели дека бројот на вработени во секоторот земјоделство ако во првиот квартал во 2014 година работеле 141 илјада лица или 19,1 проценти на вкупниот број на вработени, во првиот квартал од 2019 година бројот е на 110.590 лица или 14 проценти тоа е падна на 5,1 процент, истакна Трипуновски.