Трипуновски во посета на општина Лозово

Дополнителниот заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновски денеска беше во посета на општина Лозово, каде што се сретна со голем број на земјоделци, од кои што ги слушна нивните маки со кои што се справуваат, како и за манипулациите на власта која што си поигрува со нивните судбини.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот Фејсбук статус на дополнителниот заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновски:

Бев во посета на селата Дорфулија и Каратманово во општина Лозово за да поразговарам со земјоделците од овој регион.

Земјоделската мака е голема, а надлежните институции веќе три години не превземаат нешто за да им помогнат во работата. Заради неодговорното работење на Водостопанство најголемиот дел од општина Лозово остана без вода за наводнувањ, а земјоделците добиле фактури за наплата иако министерот Трајан Димковски им ветил дека нема да им наплатат за 2019 година. Дополнителен проблем се и неисплатените субвенции кои се проблем за земјоделците од секој крај на Македонија.

Трајане земјоделците од општина Лозово те бараат да им објасниш зошто едно им ветуваш, а на друг начин постапуваш. Време е да се престане со лагите кон македонските земјоделци, порача Трипуновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.