Трипуновски: Земјоделците се незадоволни од новиот модел на субвенционирање презентиран од власта

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната средба со земјоделците во населеното место Бучин истакна дека загрижувачка е состојбата со секторот земјоделство.

-Земјоделците и во овој регион потенцираат дека и оваа година имаат сериозен проблем со пласманот на земјоделските производи и меѓу другото оние субвенции кои што треба да ги добијат од државата , не се ниту навремени, ниту пак се исплатени во целост на земјоделците. Практично каде и да се појавиме во Република Македонија, катастрофалните и погубните политики на власта секаде се чувствуваат. Покрај моменталната економска ситуација, двоцифрена инфлација, поскапиот живот, земјоделците се соочуваат со необезбеден пласман и се доведува во прашање егзистенцијата во наредниот период кој ќе биде исклучително тежок, вели Трипуновски.

Истакна дека новиот модел на субвенционирање кој што го презентира власта за од 2023, ќе биде уште полоша ситуацијата и ќе ја усложни состојбата и од овие години во кои се наоѓаат земјоделците.

-Тој нов модел на субвенционирање практично е неприфатлив и ќе значи дополнително намалување и на субвенциите и згаснување на земјоделството како гранка. Апелот до власта е уште еднаш да се преиспита во делот на новиот концепт на субвенционирање, а она што значи конкретни мерки е во наредниот период до крајот на годината да ги доисплати сите субвенции што ги нема исплатено и за сточарите и за полјоделците и за сите оние земјоделците кои егзистираат во овој регион, вели Трипуновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.