Трипуновски: Земјоделците се загрижени за откупот на праските, оставени се оставени на милост и немилост

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски денес во рамките на надлежности на неговата институција ги посети земјоделците во Росоман и се соочи со нивните реални проблеми при откуп на праските.

„Од она што можам да го увидам посетувајќи ги повеќето пунктови кои што работат со откуп на земјоделските производи воочив практично и да откуп да нема на пракса и цената се движи многу ниско, таа денеска е околу три денари за килограм продадена. Разговарав и со повеќето земјоделци кои што беа на пунктовите апелираат да се најде решение, а тоа ќе значи и сигурна егзистенција за нив. Она што го најави министерството како дополнителна мерка и шест денари за килограм праска, од земјоделците слушнав дека од мерката нема никаков ефект иако завршува за неколку денови од сега. Сметам дека министерството во овој период треба да донесе нови сет мерки и тоа ќе значи сигурен пласман, а пласманот ќе значи и откуп на земјоделските производи“, вели Трипуновски.

Потенцираше дека има праски коишто се во завршна фаза на берба и во текот на викендот ќе има нов наплив на праската, односно таа праската ќе треба да се пласира и земјоделците да добијат приход за неа.

„Мислам дека има преголема сериозност и загриженост кај земјоделците во овој период, бидејќи практично не можат да ги креираат своите семејни активности бидејќи едноставно се оставени на милост и немилост. Земјоделците се тука со часови и праската ако остане само неколку часа на сонце подоцна таа не е употреблива и таа не може да оди за преработка“ рече Трипуновски.

Како директор вели дека постојано е на терен за да увиди дали доследно се спроведува законската регулатива во Македонија и тој вели дека практично законот не е прекршен туку едноставно нема откуп и тој е стопиран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.