Трипуновски: Жртва сум на реваншизмот на СДСМ затоа што ги обелоденив нивните криминали

„Барањето за апанажа по завршувањето на мандатот како технички заменик министер во МЗШВ доаѓа откако СДСМ, Љупчо Николовски и Трајан Димковски ме избркаа од работа. Јас сум жртва на реваншизмот на СДСМ затоа што јавно истапив и ги обелоденив нивните криминали“, стои во соопштението на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Истата СДСМ која гледа проблем во моите приходи од апанажата која патем законски следува како лице кое потоа останува невработено, не гледа проблем што државната помош наместо за помош на фирми погодени од Ковид кризата завршуваат во џебовите на мафијата на власт. СДСМ треба да побара фирмата на Зоран Заев и фирмата на Нина Ангеловска кои земаа државна помош наместо други фирми да спасат работни места, да ја вратат во буџетот, вели Трипуновски.

Тој додава дека Еленица е фирма која изминативе години инкасирала милионски профити, за сега да бара државна помош. Тоа е ненаситноста на Заеви.

СДСМ и нивните функционери целосно ја злоупотребија позицијата за свој личен џеб. Народот знае кој работи за државата, а кој на штета. За сите штетни политики СДСМ ќе ја добие казната. Оваа мафија ќе падне, и тогаш Македонија ќе тргне напред, потенцира Трипуновски.