Трите Реала во Примера впишаа триумфи

Сите три клубови од првата шпанкска фудбалска лига кои го носат префисот „Кралски“, Реал Мадрид, Реал Бетис и Реал Сосиедад во неделата забележаа победи во 23-то коло од Примера.

Во дербито на колото Реал Мадрид ја совлава Валенсија со 2:0, враќајќи се на второто место на табелата. Ова беше третата последователна победа на „Кралскиот клуб“, а головите ги постигнаа Карим Бензема во 12 и Тони Крос во 42 минута. Реал во 61 минута постигна и трет гол, но погодокот на Ферлан Меди по прегледот на видеоснимката е поништен поради офсајд. Менди беше блиску до постигнување гол и во 78 минтуа, но гостинскиот гола Хаиме Доменех одлично реагираше и го одбрани неговиот удар.

Реал Мадрид е втор со 49 бодови, три повеќе од третопласираниата Барслона која има и натпревар повеќе, а водечки е Атлетико Мадрид кој има 54 бодови, но два натпревара помалку од Реал. Валенсија падна на 13-то место со 24 бодови, само три повеќе од местата кои водат во Секунда.

 

Реал Бетис оствари гостинска победа од 2:1 кај Вилјареал. Гостите поведоа со головите на Набил Фекир во 45 и на Емерсон во 52 минута, а за домашните намали Жерар Морено во 65 минута од пенал.

Со оваа победа Реал Бетис со 33 бодови дојде до седмото место, приближувајќи му се на шестиот Вилјареал на три бодови заостанување.
И Реал Соседад оствари гостинска победа кај Хетафе со погодокот на Александер Исак во 30 минута. Реал Сосиедад сега со 38 бодови е петти на табелата, место кое води во Лига Европа, седум бодови зад четвртата Севилја. Хетафе остана на 24 бодови со кои е на 14-то место.

 

Важни бодови со еден погодок, на Анте Будимир во 74 минута, освои и Осасуна на гостувањето кај Леванте. Пет минути по водството на гостите, домашните можеа да израмнат, но Хозе Моралсе не реализираше пенал, односно неговиот удар го одбрани голманот Серхио Ерера.

Осасуна со оваа победа скокна на 12-то место со 25 бодови, додека Леванте е 10-ти со два бода повеќе.

 

Во понеделник се игра натпреварот Кадиз – Алтетико Билбао.