Триумф на Верона во Калчото

Фудбалерите на Верона со пресврт го совладаа тимот на Палермо со 2:1 во последниот меч од второто коло во Серие А.

Верона со овој триумф стигна до првата победа оваа сезона, по ремито во првото коло, додека Палермо останува на еден бод.

Домашниот тим до победата дојде на интересен начин, преку пресврт со голови постигнати од пенал и еден автогол.

Палермо поведе со голот на Васкес во 18-тата минута, а потоа Тони донесе израмнување во 41-та минута од пенал. Конечниот резултат го постави Пизано во 77-та минута кој ја затресе сопствената мрежа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.