Тркалезна маса за „Улогата на малите земји во асиметричниот свет“

Тркалезна маса за „Улогата на малите земји во асиметричниот свет“

Тркалезна маса на тема „Улогата на малите земји во асиметричниот свет“ ќе се одржи денеска во Министерството за надворешни работи во Скопје.

Настанот ќе го отвори министерот за надворешни работи Никола Попоски, а ќе се обрати извршниот директор на „Вилтон парк“, Ричард Бурџ.

Од МНР информираат дека воедно ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР и „Вилтон парк“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.