Трикратниот убиец денес ќе биде сослушан во сплитското Обвинителство

Денеска пред јавен обвинител за прв пат ќе биде сослушан Филип Завадлав, кој го изврши трикратното убиство во Сплит. Синоќа хрватската полиција пронајде 135 грама кокаин во домот на едно од убиените момчиња, а во обената истрага пронајдена е и автоматска пушка, јави дописникот на МИА од Загреб.

Според полициски информации во саботата во центарот на Сплит, Завадлав испукал 36 куршуми при што убил тројца млади кои биле на мотори. Во пукањето оштетени се и два автомобила.

Според непотврдени информации кои ги пренесуваат хрватските медиуми, Завадлав наводно бил на удар на дилери на дрога, поради долг кој го имал неговиот брат. Поддршка на Завадлав му дадоа повеќе граѓани на социјалните мрежи, а социолозите велат дека се работи за губење на вербата во институциите кои треба да ги заштитат граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.