Тројца американски војници ранети во нападот врз базата Таџик во Ирак

Тројца американски војници се повредени во ракетниот напад врз воената база Таџик во Ирак извршен утринава, јавија американски медиуми цитирајќи официјален претставник на американската влада.

Цитираниот извор, кој побарал анонимност, не дал детали за степенот на повредите, ниту пак спомена за можен одговор на САД.

Двајца Американци и британски војник загинаа во ракетен напад врз таа база во близина на Багдад во средата.

Базата беше погодена со повеќе од 10 проектили.