Тројца „гладијатори“ изнудувале пари од туристите во Рим

Римската полиција во саботата уапсила тројца мажи кои се осомничени дека изнудувале пари од туристите, откако тие позирале со нив за фотографии во подрачјето околу древниот римски Колосеум.

Костимирани како гладијатори и римски војници, осомничените на туристите им нуделе да се фотографираат со нив на познатата туристичка дестинација во Рим. Потоа од нив барале да им платат, во некои случаи и до 500 евра, според полицијата на италијанската престолнина.

Тројката понекогаш и со закани ги изнудувала парите од туристите. Обвинителството за двајца веднаш одредил домашен притвор, а еден од нив останува и натаму во полициски притвор по апсењето во саботата,

Неколку странски туристи поднеле пријави за такви инциденти во периодот меѓу август и септември годинава, според објавата на полицијата.

Меѓу примерите наведен е и случајот со Ирец кој на тројцата осомничени им рекол дека нема пари откако се фотографирал со нив. Тие потоа, според пријавата, го принудиле да подигне пари од банкомат. Кога се вратил со 200 евра, го испратиле да се врати по дополнителни 50 евра.

Од италијански туристи побарале 40 евра за фотографирањето, што тој одбил мислејќи дека се за тоа се ангажирани од градските власти или од туристичкото биро. Потоа осомничените го опкружиле и му се заканувале дека ќе го повредат, со што на крајот му изнудиле 150 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.