Тројца гостиварци фатени со дрога

Синоќа околу 22 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М. (32), Х.Ц. (25) и В.Д. (25), сите од Гостивар, затоа што при нивен личен и преглед на возило „опел астра“, во кое биле тројцата, била пронајдена марихуана и таблети екстази.

По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.