Тројца млади потешко повредени во сообраќајна несреќа кај Кавадарци

Тројца млади биле повредени во сообраќајка ноќеска во Кавадарци, девојка и момче со потешки повреди, потврди за МИА Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош.

-Младите биле повредени во сообраќајка меѓу велосипед и мотор. Во центарот на Кавадарци, кај основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“. Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче  препративме на лекување во Скопје, појасни Грков.