Тројца мртви во авионската несреќа во Истанбул

Три лица загинаа во тешкото приземјување на авионот од типот „Boeing 737-800“ на турската нискобуџетна воздухопловна компанија „Pegasus Airlines“ а уште 179 лица се повредени, соопштија во текот на ноќта турските власти.

Трупот на авионот при атерирањето на истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во тешки временски услови со силен ветер и пороен дожд се распадна на три дела и запали кога лизгајќи се шеесетина метри по пистата се урна во јаз длабок 30 до 40 метри.

Авионот летал од Измир, во западна Турција, а според турските функционери главна причина за несреќата се лошите временски услови, изјави гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја.

Тројца турски државјнани загинале а 179, меѓу кои две деца, се повредени, потврди министерот за здравство Фахретин Коча.

Во авионот имало 177 патници и шест членови на екипажот, објави државната новинска агенција Anadolu, а не вкупно 177 како што претходно соопштија властите.

Пожарникарите ги изгаснале огнот кој избувнал по несрежата. Турските медиуми пишуваат дека во авионот имало повеќе странски државјани, но немаат информации за нивното потекло.