Тројца мртви во напад на затвор во Авганистан, затворениците бегаат

Во нападот врз затвор во авганистанскиот град Џалалабад, за кој одговорноста ја презема ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, убиени се најмалку три лица и уште десетици други се рабнети, по што започнаа жестоки борби во кои многу затвореници успеале да избегаат, соопштија авганистнаските власти.

Сохраб Кадери, член на покраинскиот совет, рекол дека по експлозијата на големо возило-бомба, следеле уште најмалку две експлозии пред зградата на затворот. Потоа полицијата се судрила со напаѓачи кои претходно заземале позиции во близина на затворот.

Порталот Amak преки кој се огласува Исламската држава наведува дека нејзините борци го извеле нападот во неделата. Но засега нема независна потврда дека радикалната терористичка организација го извела нападот.

„Најмалку три лица загинале, а 25 се ранети во судирите кои продолжуваат“, изјавил Кадири за Reuters. Додал дека бројот на жртвите може да се зголемува, како и дека според првичнтие процени успеале да побегнат 50 затвореници.

Нападот се случи на третиот и последен ден од примирјето коиешто го скучија авганистанската влада во Кабул и радикалното исламистичко движење Талибан. Во текот на овој период од затвореите беа ослободени стотици талибански затвореници, во напорите да се постигне траен мировен договор меѓу двете страни.

Талибабите преку својот портпарол Забиула Муџахид објавија дека не се поврзани со нападот во Џалалабад. Претходно и тое ослободија десетици пленици од авганистанските безбедносни сили.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани и талибаните навестија дека долго одложуваните мировни преговори може да бидат продолжени веднаш по штотуки завршениот празник Курбан бајрам. Талибаните притоа наведуваат дека ги ислободиле сите илјада авганистански затвореници, и оти не ги напаѓаат странските сили според договорот со САД постигнат во катарска Доха кој вклучува и повлекување на странските сили од земјата.