Тројца обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор

139

Денеска Основниот кривичен суд ја објави пресудата за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај „Смилковското езеро“.

„Во името на граѓаните на Република Северна Македонија, по судење и гласање, Основниот кривичен суд Скопје, како првопстепен ја донесе следната пресуда.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се огласуваат за виновни за тероризам, ги осудува на казна затвор доживотно.

Обвинетиот Агим Исмаиловиќ се огласува за виновен за кривично дело тероризам, го осудува на казна на затвор доживотно.

Хаки Азири го осудува на единствена казна од девет години затвор.

Обвинетиот Фејзи Азири се огласува за виновен да сторил две кривични дела помагање на сторител за вршење на кривично дело. Се осудува на единствена казна затвор од 15 години.

За Сами Љута се одбива обивението“, рече судијата Огнен Ставрев.

Застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 гдина го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.